Успешните политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Зоран Заев во континуитет се потврдуваат.

За тоа говорат и последните податоци на Државниот завод за статистика, според кои бројот на невработените лица се намалува и е на историско најниско ниво
Според официјалните податоци на ДЗС во последното тромесечје на 2019 стапката на невработеност изнесува 16,6 отсто што е за 3,2 процентни поени пониска во споредба со последното тромесечје од 2018 година, велат од СДСМ.
Тие додаваат дека споредено во проценти, стапката на невработеност за само една година во периодот 2018-2019 паднала за 3,2 проценти поени.
Бројните мерки за поддршка на приватниот сектор преку самовработување, субвенционирање при вработување, помошта за домашните комапнии даваат реални резултати.
Потврда за тоа е и фактот што за 2,5 години, од почетокот на мандатот на СДСМ, вработени се над 67.000 лица, доминатно во реалниот сектор.Ова е потврда дека економијата е стабилизирана и е поставена на цврсти и реални основи.Со формалното членство во НАТО и почнувањето преговори со ЕУ, дополнително ќе се интензивира економскиот раст што ќе значи уште поголем пад на невработеноста.Наша цел е до крајот на следниот мандат стапката на невработеност да изнесува под 8 отсто и тоа ќе го оствариме преку чесни и одговорни политики.Граѓаните тоа го препозанваат и затоа на 12 април ќе ги поддржат политиките на СДСМ за раст и напредок и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!, велат од СДСМ.