190
Вината за хаосот во Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот целосно е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.
Според владеачката партија, одговорноста за состојбите во главниот град на земјава е кај најголемата опозициска партија.
-ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот на Град Скопје, а тоа ги именува членовите на Управните одбори во Јавните претпријатија, кои се највисок орган на управување. Тие сите до еден се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Скопјани не заслужуваат власт која со рацете во медот, јавно се кара за тендери, влијанија и провизии, стои во соопштението од „Бихаќка“.