СДСМ за Мицкоски: Папагалското повторување на лагите нема да му донесе парламентарно мнозинство

од Nikola Popovski
306 прегледи

Од владеачката СДСМ реагираат на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ново парламентарно мнозинство.

„Во филмовите за ново парламентарно мнозинство што Мицкоски со месеци ги врти не веруваат ниту во белиот дворец. Папагалското повторување на лагите, нема да му донесе ништо освен нов пораз“, вели Стефан Васев од СДСМ.

Според него, со ваквиот негов пристап Мицкоски треба да знае дека уште долго ќе заспива и ќе се буди со помислата на премиерот Зоран Заев.

„Ако Мицкоски навистина овие четири години секој ден работел на ново мнозинство тоа се 1.460 лични досегашни неуспеси на Мицкоски“, додава Васев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска со ново повторување на старото барање – оставка на Владата и предвремени парламентарни избори. Тој притоа истакна дека се работи на создавање на ново парламентарно мнозинство, процес во кој, како што вели, е опфатен и дел од пратеничката група на СДСМ и јавноста ќе биде информирана што се обезбедат потребните 61 пратеник.

Слични содржини