СДСМ за отчетот на опозицијата: Првите 100 дена најавуваат катастрофа, Арсовска е прв пример за неработа

од Nikola Popovski
180 прегледи

СДСМ денес соопшти дека изминаа 100 дена во кои ВМРО-ДПМНЕ не сработи ништо за граѓаните ниту за општините.

-Граѓаните сведочат на неработа, недостаток на проекти и барања за финансиска помош додека истовремено се вдомуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ во општинските администрации. Нивната неспособност постојано ја покрива Владата предводена од СДСМ. Така беше за парното во Скопје, така и со мерките за енергетската криза, општините на ВМРО-ДПМНЕ не преземаа ништо за граѓаните, велат од владеачката партија за вчерашниот отчет на Христијан Мицкоски.

Според нив, Данела Арсовска е прв пример за неработа.

-Ништо не сработи во првите два и пол месеци освен што нивелираше шахта постави мобилни тоалети и се прогласи за ненадлежна за се останато.

Ако по утрото денот се познава првите 100 дена на градоначалниците најавуваат катастрофа во локалните политики, на штета на општините и граѓаните, соопштија од СДСМ.

Најголемата опозициска партија вчера даде отчет за сработеното во општините каде што градоначалниците доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, информирајќи дека реализирани се 1.090 проекти од кои 166 проекти се капитални.