Владеачката партија утрово порача дека Владата предводена од нив се грижи за најмладите и во континуитет инвестира во детската заштита.
За пет години, од 2017 година, досега, изградени се 72 градинки низ целата држава, со опфат од околу 5.500 деца. Дел од нив се наоѓаат во рурални или во општини каде досега воопшто немало детски градинки, соопштија од СДСМ преку соопштение.
Додаваат дека во минатата 2022 година, изградени или доградени се 10 градинки во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода.
-За оваа година планирана е изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата. СДСМ постојано докажува што значи вистинска грижа за најмладите, стои во соопштението од СДСМ.