СДСМ за поканата на Мицкоски за ТВ-дуел: Потребна е работа а за дебатирања има време

од Берта Китинска
110 прегледи

Потребна е работа а за дебатирања има време.Граѓаните очекуваат работа и резултати.Наместо празни зборови, Христијан Мицкоски најавената конструктивност треба да ја покаже внтрае во Собранието, велат од СДСМ на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за дуле со премиерот Димитар Ковачевски.

-Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокадите и деструкциите, да бидат усвоени Законот за енергетика, Законот за нафта и нафтени деривати и уште над 50 други законски решенија.Државата и сите наши граѓани имаат потреба од единство и заедничко делување, во однос на соочување со предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, но и за стратешките интереси на земјата и поефикасно спроведување на преговорите за членство во ЕУ.Што се однесува до предлозите на Мицкоски за енергетиката тие досега се само обичен сублимат на изјавите на претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, велат од СДСМ

Слични содржини