„Зад нас е една од најупсешните сезони на проиводство и откуп на тутун, една од стратешките култури во државата.Со одговорен, партнерски однос на СДСМ и тутунопроизводителите обезбедивме рекорден откуп на тутун, кој заврши на време и без никакви проблеми“, соопшти денеска Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство на СДСМ.
„Постигната е рекордна цена од 290 денари за килограм произведен и предаден тутун, а рекордни 80 отсто од производениот и предаден тутун е од прва класа, што покажува дека реколтата 2022 е со најголем квалитет до сега.
Вкупната вредност на предадениот тутун изнесува 100 милиони евра, плус обезбедивме и исплативме уште 26 милиони евра директни субвенции кон тутунарите.
Ова се рекордни износи на откуп и финансиска поддршка кон тутунарите со што одгледувањето на оваа култура повторно станува атрактивна за земјоделците“, потенцира тој.