Сите анкети од релевантни институции спроведени во изминатите неколку месеци покажуваат дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја ужива најголемата доверба кај граѓаните. Тоа е затоа што СДСМ зад себе има резултати, има одговорни државнички политики и реализирани над 7.000 проекти на локално ниво, велат од владеачката партија за анкетата нарачана од „Макфакс“ во агенцијата Стратум Р&Д.
Според нив, со тоа се потврдува дека СДСМ и „Најдоброто“ се фаворити и убедливи победници на претстојните локални избори.
-Граѓаните прават разлика помеѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа анкета, како и останатите анкети на релевантните Брима, ИРИ и други релевантни агенции и институти потврдува дека граѓаните не сакаат ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски да ги враќа назад во темното минато и даваат поддршка на концептот на СДСМ кој води напред, стои во партиската реакција.
На прашањето на анкетата: Да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите, по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ следи Независна листа со 12,9 %, а нема да излезат на гласање 12% од граѓаните. За ДУИ се определиле 10%, за Алијанса на Албанците 9,3% и други 1,7%.
За СДСМ се определиле 27,1%, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7%, за Независна листа 13,4%, за ДУИ 11%, за Алијанса на Албанците 10%, за Левица 6,5%, Други 4,7%, за ДОМ 2,6%.