СДСМ: Зад срамните протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица

од Берта Китинска
157 прегледи

Докторите и медицинскиот персонал се нашите херои кои заслужуваат длабока почит и благодарност, бидејќи тие неуморно се на првите линии во одбрана од корона вирусот.Правото на протест е уставно загарантирано, но исто такво е и правото на здравје, велат од СДСМ.

-Пораките од протестите, иконографијата идентична со опозициските митинзи, нападите против актуелни министри, покажуваат дека зад овие протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица,помогнати од движењето Бојкотирам.Токму ВМРО-ДПМНЕ и Левица силно се спротивставуваа на новите мерки за заштита на здравјето и за цело време од пандемијата дејствуваат спротивно од препораките, отворено поттикнувајќи непочитување на мерките.Дезинформациите и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои одвраќаат од вакцинација се на директна штета на сопственото, но и колективното здравје.

Пораките, нападите од срамниот протест се директно загрозување на здравјето на граѓаните во време кога сите напори се насочени кон што поголем опфат на вакцинација.Масовната вакцинација е единствениот начин да се заштитиме себеси и оние околу нас, велат од партијата.