Анкетата на Брима е вистинска потврда дека граѓаните ги препознаваат одговорните, државнички политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев.СДСМ има стабилно водство пред ВМРО-ДПМНЕ, а коалицијата „Можеме“ има значително водство, кое бележи постојан растеж, велат од владејачката парија.
Оттаму додаваат дека претседателот Зоран Заев според анкетата има убедливо најголемата доверба од граѓаните, поради храбрите, визионерски и државнички одлуки.
-Претседателот Заев има двојно поголем рејтинг од Христијан Мицкоски.Од друга страна, оваа анкета истовремено покажа дека граѓаните не ги поддржуваат деструктивните, погубни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи граѓаните знаат дека тој нема капацитет да донесе промена, знаат дека тој не може да си ја реформира ниту сопствената партија.
На граѓаните им е јасно дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги враќаат парите назад, затоа што тие 11 години грабаа од граѓаните, а како опозиција беа против секоја мерка која носеше повеќе пари за семејствата.Затоа на претстојните избори ВМРО-ДПМНЕ го очекува нов, силен пораз од граѓаните, соопштија од СДСМ.