СДСМ: Заканите што ги посочи Арсовска потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е истата насилничка матрица

од Nikola Popovski
111 прегледи

Од СДСМ се огласија со соопштение по повод синоќешното интервју на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска која информира дека добила закани и навреди од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

-Кавгите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од една и Данела Арсовска од друга страна, открија скандалозни признанија за навреди и закани за влечење по улици и бришење подови. Заканите што ги посочува Арсовска потврдуваат, дека нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата насилничка матрица, која граѓаните на своја кожа ја чувствуваа цели 11 години. Навреди, клевети, уцени, закани за физичко насилство, тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, велат од владеачката партија.

Арсовска вчера кажа дека имала закани од еден исти центар и посочи дека со истото се соочиле повеќе лица.

-Јас да, сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно. Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе, рече Арсовска во емисијата „Само вистина“.

За Мицкоски рече дека ако сакал да биде градоначалник, можел да излезе пред граѓаните и да види дали ќе добие доверба.

Слични содржини