СДСМ: Зоолошката градина загуби шанса да стане европска, тоа е вистинското лице на локалната власт на ДПМНЕ

од Nikola Popovski
264 прегледи

Во времето на СДСМ Зоолошката градина во Скопје доживеа неверојатен развој и успешно се менаџираше. Со ДПМНЕ, наместо развој Зоолошката градина се соочува со низа проблеми и го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини, обвинија утрово од СДСМ преку соопштение.

Според партијата, причината е неисполнување на договорите и нереализирани проекти.

-Тоа е вистинското лице на најнеспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје. Наместо модерно, скопјани добија уште една катастрофа приредена од ДПМНЕ. Нема реализација на ниту еден проект повеќе од 1.5 година. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови 250 еко автобуси, нема нови мега паркови, а наследените проекти како Универзална сала, мостот на булеварот АСНОМ, БРТ не се релизираат, стои во партиското соопштение.

Скопската Зоолошка градина повеќе не е кандидат за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Пред две недели, градината го изгубила кандидатскиот статус поради неисполнување на обврските зададени од ЕАЗА изминативе две години.

Слични содржини