Се бара поништување на изборите

од Vladimir Zorba
77 прегледи

 Уставниот суд примил две иницијативи со кои, според едната, се оспорува одлуката за распуштање на собранието од 17 октомври и решението за распишување на предвремените парламентарни избори коишто се одржаа на 11 декември минатата година. 

Со втората иницијатива, се оспорува членот 8а, став еден, два и три од последните измени на Изборниот законик, потврдуваат за Телевизија 24 извори од судот.

Оттаму не откриваат кој е подносител на иницијативата, ниту кога таа ќе се најде на дневен ред пред уставните судии.

За потсетување, Уставниот суд веќе има расправано за одлуките за распуштање на Собранието кога изборите требаше да се одржат во април минатата година