Се бара притвор за македонскиот граѓанин обвинет за шверцување мигранти во Бугарија

од Берта Китинска

Окружното обвинителство – Бургас до судот поднесе барање за определување мерка притвор против З.К. – државјанин на Северна Македонија.

Тој е обвинет дека незаконски им помогнал на 88 лица од авганистанско потекло да минат низ бугарска територија, објавија Апелационото обвинителство – Бургас.

Делото е извршено на 28 август 2022 година во градот Бургас.

Тоа е квалификувано според член 281 од Кривичниот законик на нашите источни соседи.

Слични содржини