Се бараат законски решенија граѓаните без лични карти да можат да гласаат

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Државната изборна комисија (ДИК) ќе направи се за да се изнајдат законски решенија за граѓаните со неважечки лични карти кои не се во можност да добијат нови поради блокираниот закон да можат да гласаат.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски по денешната седница на Комисијата посочи дека доколку граѓаните имаат важечки пасош ќе можат да гласаат, но исто така дека сепак се преземаат дополнителни активности за изнаоѓање други законски решенија.

-Ние ќе направиме се за да изнајдеме законско решение, бидејќи знаете дека се употребуваат и личната карта и пасошот, така што граѓаните имаат или едно или друго. Ќе гледаме во таа бројка да потпаднат сите граѓани, бидејќи кој нема лична карта има пасош и обратно. Ќе преземе и дополнителни активности за да го искординираме тоа и ќе бараме и други законски решенија, рече Даштевски.

Слични содржини