По многу шпекулации за неговата иднина, Кристијано Роналдо наводно постигнал договор за продолжување на договорот со Ал Наср, и покрај тоа што неговиот тековен договор истекува на 30 јуни. Веста ја потврди и угледниот француски новинар Санти Уна, наведувајќи дека новиот договор излегува од спортските рамки и влегува во доменот на стратешките одлуки.
Новиот договор со Ал Наср означува почеток на нова ера во саудискиот клуб. Роналдо ќе има одлучувачки збор во политиката на трансфери, како и во формирањето на тимот и донесувањето клучни одлуки, што практично го става во улога на англиски менаџер.
Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, кој ги контролира водечките клубови како Ал Хилал, Ал Итихад и Ал Ахли, објави значителна инвестиција во тимот на Ал Наср, со фокус на градење тим по мерка на португалската ѕвезда.
Роналдо веќе влијае на сериозни кадровски промени. Некои големи имиња веројатно ќе го напуштат клубот ова лето: Отавио, Емерик Лапорт, Марсело Брозовиќ, Садио Мане…
Од друга страна, Ал Наср планира сериозни засилувања, а Роналдо го има последниот збор во изборот на нови имиња. На радарот на клубот се: Касемиро (Манчестер Јунајтед), Матео Ковачиќ (Манчестер Сити)…
Големи промени се очекуваат и во раководството на Ал Наср – спортскиот директор Фернандо Јеро го напушта клубот, а на негово место ќе пристигне ново име, кое наскоро ќе биде објавено. Оваа промена дополнително потврдува дека Роналдо ќе има клучна улога во формирањето на политиката на клубот.
Роналдо не само што останува во Саудиска Арабија – тој станува симбол на новата ера на Ал Наср. Неговата моќ сега оди подалеку од теренот и во менаџерската сфера.