Никој не знае кога ќе бидат распишани локалните избори. Се тоа зависи прво од формирање на новата влада, односно од комплетирањето на новиот парламент , избор на претседател, комисии, па дури потоа распишување на локални избори.Од друга страна роковите се пробиени, бидејќи ниту денеска ниту пак утре е закажана седница на парламентот. Ниту тоа го прави екс претседателот Трајко Вељановски, кој сеуште е во функција на менаџирање на работата на парламентот, ниту пак тоа го бараат новите пратеници или парламентарното мнозинство.
Според Изборниот законик од денот на распишувањето до денот на одржувањето на изборите не може да поминат повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена. Право да распише избори има само избран претседател на Собранието, во случајов изгласан од новото парламенрарно мнизинство.
На 30 декември се одржа конститутивната седница на новиот собраниски состав, на која само се верификуваа мандатите на пратениците, но не се избра и претседател на Собранието, ниту другите органи на парламентот.
Според Уставот и Изборниот законик денеска е последниот рок за распишување на локалните избори. „Изборите за членови на совет и за градоначалник се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина во месец мај“, стои во член 16, став 1 од Изборниот законик.
По оваа прашање единствено јасно се произнесоа од ВМРО-ДПМНЕ . Тие досега неколку пати соопштија дека играат на картата за спони избори, односно за нови, брзи, предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните. Тие се за редовниот датум, сега во мај. Токму тоа е и суштинската цел со протестите и „народ“ на улица.
Од СДСМ и натаму се оптимисти дека целиот меѓународен притисок, како и резултатите и потписите на новото парламентарно мнозинство ќе го премислат Иванов. Тие велат дека ќе почекаат уште неколку дена Иванов да се премисли, да му го даде мандатот на Заев за формирање влада и да се врати уставниот поредок.
Груевски не прифаќа нова влада, сака нови избори- Заев е за нова влада па избори!
Колку што се дознава од учесниците во преговарачкиот процес СДСМ-ДУИ, партијата на Ахмети меѓу другото инсистирала изборите да бидат во мај, и дека одлагањето за месец два не би им одговарало. Во ДУИ и официјално го соопштија истото, велат дека не се заинтересирани за одложување на локалните избори и дека законскиот рок за распишување локални избори треба да се почитува.
Сепак се тоа може законски да се одложи и спакува според вољата на гласачите во парлаемнтот. Уставот дозволува Собранието со двотретинско мнозинство да изврши измени во Изборниот законик и локалните избори да се одложат.Само прво да се избере претседател на парламентот.