Се чека одлука за укинување на сите ковид мерки

од Берта Китинска
194 прегледи

Поради намалување на бројот на заразени лица со ковид Комисијата за заразни болести предложи укинување на сите рестриктивни мерки.

Деновиве се очекува прво Главниот координативен кризен штаб, а потоа и Владата да се произнесат околу препораката на КЗБ.

Во моментов најмногу активни случаи има во Скопје (266), додека пак во Пехчево, Дојран, Македонска Каменица, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кратово, Богданци, Пробиштип, Валандово, Дебар, Радовиш, Свети Николе нема заболени со ковид.

Досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 503.

Слични содржини