Се чистат од снег улиците низ Карпош

од Берта Китинска

Зимската служба на општина Карпош распрскува сол низ коловозот на целата своја територија, за да го олесни сообраќајот и движењето на граѓаните.

-За да бидеме безбедни треба сите да користиме зимска опрема, да бидеме одговорни, а секако и службите да делуваат.Во овие моменти, зимската служба распрскува сол во сите населби. Се работи во повисоките делови: Жданец, Трнодол, Козле (долж „Ловќенска”) и Бардовци.Механизацијата делува и во подолните населби, во урбаното јадро.Утре, продолжуваме со чистење на пофреквентните зони: пред градинки и основни училишта, маркети, аптеки и сл, соопштија од општината.

Слични содржини