262
Државната изборна комисија денеска сооопшти дека постапува согласно Законот за завршување на текот на постапката на јавната набавка на фингерпринт апаратите.
-Вчера пристигнаа претставници на економскиот оператор „ДЕРМАЛОГ” и во текот на денешниот ден се вршат завршни консултации за финализирање на текстот на договорот и негово потпишување, стои во соопштението.
По ова, како што се наведува, веднаш почнуваат да течат роковите за испорака на техничката опрема, за што ДИК дополнително ќе ја информира јавноста.