На минатите парламентарни избори ветивме посветена работа да создадеме услови за одржливо, конкурентно и модерно земјоделство. Едно од ветувањата во програмата „Можеме“ беше и Формирање на интервентен фонд за регулирање на пазарен дисбаланс во земјоделството и обезбедување услови за одржливо земјоделско производство, информира Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство на СДСМ.
Според него, почнувајќи од 2022 година постоењето на овој фонд ќе биде реалност, а буџетот за оваа намена ќе биде 250 милиони денари.
-Ова се дополнителни средства, покрај субвенциите кои во рекордни суми се исплаќаат последните две години, навремено и во целост. Буџетот на интервентниот фонд ќе биде на располагање во случаи доколку земјоделците се соочат со потешкотии на пазарот и проблеми во производството, соопшти Георгиевски.