Радован Караџиќ и Ратко Младиќ – главните виновници за трагедијата во Босна.

Потребни беа повеќе од две децении, но никогаш не е премногу доцна за да биде задоволена правдата, уверува обвинителот на Меѓународниот суд за поранешна Југославија (МКТЈ) Со наближувањето на датумот на кој ќе биде прогласена пресудата против поранешниот политички водач на босанските Срби Радован Караџиќ. Дваесет години по опсадата на Сараево и масакрот во Сребреница Радован Караџиќ ќе чуе на 24 март дали судиите од кривичниот суд го сметаат за виновен за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. Во овој суд се водеа многу важни процеси, изречени беа многу важни пресуди, но пресудата против Караџиќ позитивно ќе е најважниот во историјата на МКТЈ, вели за АФП главниот обвинител, Белгиецот Серж Брамерц.
Откако во 2006 година во својата ќелија почина поранешниот српски диктатор Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ е веќе највисокиот обвинет за злосторствата извршени за време на војната во Босна од 1992 до 1995 година Значи пресудата против 70-годишниот Караџиќ е многу важна, што се однесува до одговорноста на политичките водачи за страдањата на нивните народи, додаде Брамерц во интервјуто за агенцијата во неговиот кабинет во Хаг.
Кога една јулска вечер на 2008 година му заѕвони телефонот, Серж Брамерц беше обвинител во судот во Хаг само од неколку месеци. Еден глас му соопштува дека по 13 година прикривање Радован Караџиќ е на пат да биде фатен во Белград. Откако во 1993 година беше формиран овој суд, сите постепено беа опфатени со песимизам за изгледите еден ден да бидат уапсени последните бегалци и првенствено Радован Караџиќ и воениот командант на Србите во Босна Ратко Младиќ, кои се главните одговорни за масакрот во Сребреница – всушност и најголемото по крајот на Втората светска војна. Дури беше одреден датум за затворање на Трибуналот во 2010 година Но при секоја средба со групите на жртвите, апсењето на Караџиќ и Младиќ беше “барање № 1”. Откако пристигнува потврдата за неговото апсење , Серж Брамерц беше веќе свесен за значењето на овој момент и што тој претставува за илјадниците жртви.

Никогаш не е премногу доцна за да биде задоволена правдата, уверува Серж Брамерц.
Има еден израз дека “задоцнетата правда е одбиена правда”, но мислам дека во овој конкретен случај никогаш не е премногу доцна, уверува обвинителот. Убиствата во Сребреница, поради кои Радован Караџиќ е обвинет за геноцид, се најстрашното дело на европско тло по Втората светска војна, смета обвинител Брамерц. Босанските Срби убија во јули 1995 околу 8.000 мажи и момчиња муслимани во оваа заштитувана од ОН енклава. Тие исто го ставија под опсада главниот град Сараево во текот на 44 месеци, што доведе до смртта на 10 000 лица, од кои 1.500 деца.
Судењето на Караџиќ започна во октомври 2009, а завршните излагање беа изречени во октомври 2014. Брамерц ги отфрла критиките дека Трибуналот буди болни спомени од минатото. Јас сум апсолутно убеден дека за да се даде шанса на помирувањето, правдата е од исклучителна важност, додава тој. Фактот дека телата на многу жртви уште не се пронајдени, е болно, смета обвинителот и изразува жалење што повторно се слушаат слова, кои ги разделуваат заедниците во регионот. Тој сепак признава дека за време на својот мандат , дека некои од злосторствата и не се откриени.
Радован Караџиќ на обвинителна клупа
Правда беше задоволена, тоа е сигурно. Но дали за сите жртви? За жал – не затоа моравме да избираме дела, истакнува тој. Недостатокот на средства и време ја принудија неговата канцеларија да избира помеѓу “тешки дела и особено тешките”. Трибуналот, кој стави на обвинителна клупа 161 лица, не можеше да презема казнени процедури за секое силување, убиство или друго кривично дело. Тоа е една од работите кои најмногу ни се потиснати , уверува тој. Серж Брамерц, сепак е категоричен: без судот, без правда, ситуацијата денес би била навистина уште полоша. / АФП