„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО РАЈОТ“: Авион принудно слетал во Загреб поради патник кој викал и сакал да ја отвори вратата

од Vladimir Zorba

Вистинска драма доживеале патниците на британската TUI на летот од Пафос за Манчестер, кои требаше да летаат за Манчестер во понеделник, на 15 август, околу 17 часот.

Прво, авионот полетал од Кипар со 6 часа задоцнување поради работното време на екипажот. Споменатиот лет го управувал авион SmartLynx A321, а поради проблематичен патник, екипажот решил принудно да слета на аеродромот во Загреб, јавува Croatian Aviation.

Патниците изјавиле дека среде летот, патникот конзумирал бел прав, според многумина, тоа е кокаин и се молел меѓу столовите на подот во кабината. Пред да се упати кон излезот за итни случаи, тој им рекол „се гледаме во рајот“ на патниците, а потоа се обидел да ја отвори вратата.

Неколку патници го собориле дотичниот на подот и го спречиле да направи огромна штета.

Авионот слетал на аеродромот во Загреб во 1 часот по полноќ, а патниците се пожалиле на организацијата на нивното пристигнување во Загреб. Тврдат дека никој не ги пречекал и дека ноќта ја минале на подот на патничкиот терминал, без храна и пијалок.

Дури рано, велат, биле пренесени во околните хотели, по што биле известени дека летот за Манчестер од Загреб ќе полета во вторник, на 16 август, во вечерните часови. Немало друга опција со оглед на тоа дека работното време на екипажот завршило.

TUI им се извини на сите патници. Споменатиот патник бил изнесен од авионот под полициска придружба и не го продолжил патувањето за Манчестер следниот ден. Во вторникот, во 20 часот и 30 минути, авионот полетал од Загреб за Манчестер, каде што патниците пристигнале со приближно 26 часа доцнење.

Слични содржини