Се гради нова улица со паркинг во Мичурин

од desk2
110 прегледи

Во населбата Мичурин почна изградба на комплетно нова улица со јавно паркиралиште покрај улицата „Фрањо Клуз“ во должина од 200 метри, за кои општина Аеродром ќе издвои над осум милиони денари.


– Станува збор за изградба на улицата „Новопроектирана 8“, која ќе добие и комплетно нова атмосферска, фекална и водоводна мрежа, исто така во должина од 200 метри. Улицата и паркиралиштето ќе бидат целосно осветлени, соопшти општина Аеродром.

Планирано е изведбата да заврши во рок од три месеци.