Се испитува одговорноста на две лица за тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Куманово

од Nikola Popovski
35 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување мерка краткотраен притвор за две лица за кои се во тек проверки на сомненијата дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.

Се преземаат дејствија со кои се испитува одговорноста на двете лица за сообраќајната несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје – Куманово, на околу два километри пред наплатната станица Миладиновци, во која автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правно лице ангажирано на проект за изведување работи на патот, кое било запрено на сообраќајна лента од автопатот. Во несреќата животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син.

Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за сообраќајно техничко вештачење, наредба за анализа и утврдување на присуство на алкохол, опојни дроги, психотропни супстанци и други прекурсори, во крвта и урината на возачот на товарното возило, наредба за обдукција на телата на починатите, барање за вонреден технички преглед на патничиот автомобил, како и барање за вонреден надзор од страна на Државниот инспекторат за транспорт и инспектори од областа сообраќај и патишта на местото на настанот, односно на дел од автопатот Скопје – Куманово, каде што се вршат градежни работи на патот.

Дополнително се преземаат мерки со цел да се извршат проверки дали на местото на настанот каде што се изведувале работи на пат биле преземени сите мерки за соодветна сигнализација пред и околу местото каде што се изведуваат работите.

Имајќи предвид дека Јавниот обвинител во овој момент се уште нема донесено Наредба за спроведување истражна постапка, а бидејќи станува збор за кривично правен настан во кој е потребно да се преземат повеќе истражни дејствија со цел испитување на евентуална кривична одговорност, јавниот обвинител побара на двете задржан

Слични содржини