Се ќе знаат! Русија активира систем за морско набљудување на целата планета

од desk3

422a486b129c8234f246679ff71ad115
Русија пушта во погон глобален систем за морско набљудување – “Хармонија” кој ќе може да детектира непријателски бродови, подморници и авиони во секој регион од Светскиот Океан, пишува весникот “Известија”.

Руското Министерство за одбрана воведува во употреба единствена подводен систем за хидроакустично набљудување, што го прави “транспарентни” широки области од водното пространство. “Хармонија” се базира на подводни роботски комплекси, кои излегуваат од специјални подморници и имаат на дното моќни хидроакустични станици. После роботите ги испраќаат добиените податоци во командната преку сателити.

Автономните станици се стават на дното и се обединети во мрежи, ќе користат уникатни литиум полимер батерии. Според експертите некои елементи од системот веќе работат, а во целина тој ќе влезе во акција најдоцна во 2020 година, наведува “Известија”.

Водечки конструктор е руската Корпорација за вселенски системи за посебна намена “Комета” – дел од концернот за воздушно-вселенска одбрана “Алмаз-Антеј”.

Слични содржини