Се консултираме законот за државјанство да го пуштиме со европско знаменце, вели Заев

од Берта Китинска
226 прегледи

Премиерот Зоран Заев вели дека во моментов се во тек консултации дали има можност законското решение за државјанство да биде повлечено од Собранието и повторно да биде испратено, но, со европско знаме.

– Ако постои таква можност, иако е тоа предлог на Алијанса на Албанците и Алтернатива, ние немаме проблем, бидејќи го усогласивме заедно, да го пуштиме истото законско решение со европско знаменце. Но, во моментов се прават проверки, консултации со стручните служби. Со законодавство со СЕП, за да се види дали таму има точно прецизно јасно дефинирани европски директиви или регулативи, рече Заев.

Слични содржини