Се “крчка” нешто на Блискиот Исток- ирански командоси презедоа џамија во Ерусалим!

од desk3
86 прегледи

Илјадници падобранци од елитната иранска Револуционерна гарда (РГ) одржаа вежба, при што го симулираа заземањето на џамијата Ал Акса во Ерусалим од израелски контрола.

al alksa
Иранските медиуми објавија дека борците нападнале и ја “ослободиле” џамијата за време на вежба. Во информацијата се додава дека 120 бригади од басиџиите, паравоени структури во рамките на РГ, учествувале во вежбата во петокот, што било спроведено крај светиот град Кум во централните области на земјата.
Во симболичната “ослободителна” операција учествувале и хеликоптери од иранските сили, беспилотни авиони и авиони “Тукано”, кои ги бомбардирале позиции на “непријателот”, пред маринци да ја заземат макетата на џамијата, која бил поставена на врвот на еден рид. При подготовката на вежбата била направена грешка – бил направена макета не на џамијата Ал Акса, туку на објектот кој се наоѓа до неа, Светилиштето на карпата.
На една од фотографиите од заземањето се гледа ирански борец, кој се искачува на куполата на храмот, од каде мавта со иранското национално знаме и обоено во црвено знаме што е симбол на херојско пренесување во задгробниот живот кај исламот – мачеништвото.

Асад “насмеан до уши”- руската операција ја подобрила ситуацијата во Сирија

Комплексот во Стариот град на Ерусалим, кој е свет како за Евреите, така и за Арапите, е јаболко на раздорот меѓу Израелците и Палестинците во последните неколку недели. Џамијата на врвот е третото свето место за муслиманите во светот по Мека и Медина во Саудиска Арабија.
Евреите пак почитуваат како повеќето свети места за својата вера од јудаизмот од историските остатоци кои се наоѓаат во подножјето на ридот. Уште повеќе тензии меѓу Израелците и Арапите избувнаа по појавата на гласини дека Евреите подготвувале да стават под своја контрола муслиманските храмови – нешто што Израел цврсто го негира. Судири крај џамијата имаше во септември, а потоа брзо се раширија и во други места во Израел и Западниот брег на р. Јордан. За време на вежбите командантот на воздухопловните сили на РГ ген. Амир Али Хаџизадех изјави дека неговите сили ги вклучија во операцијата дроновите Шахед-121. Овие летала, кои станаа познати во 2013 година, имаат дострел 1 700 км., Можат да летаат без прекин 24 часа и да носат  осум бомби или проектили.