270
Територијалната противпожарна единица Тетово интервенира на отпад со запалени автомобилиски гуми спроти фабриката Киел во село Желино. Од местото се крева густ црн чад. Пожарот се уште не е локализиран.
Според првичните информации, пожарот избувнал околу 12 часот и 30 минути.
Токму чадот од автомобилски гуми е опасен по здравјето и придонесува за пораст на канцерогените ПМ честички во воздухот.
-Гаснењето е отежнато поради големата количина на автомобилски гуми, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според проценките на ЦУК, нема опасност пожарот да зафати соседни објекти.