Министерството за внатрешни работи денеска информира дека полициски службеници на автопатот Куманово – Скопје – Велес, на радар фатиле возач кој се движел со високи 194 километри на час. Според полицијата, покрај него, во периодот од 09.00 до 15.00 часот, санкционирани се уште 97 возачи.
-Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од полицијата.
Инаку, во текот на ноќта, по патиштата низ државата со ноќен радар беше фатен возач кој возел со 218 километри на час.