Се мијат и дезинфицираат на јавните површини во Скопје

од Берта Китинска
419 прегледи

За да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена, екипите на Град Скопје по вторпат спроведуваат голема акција за миење и дезинфекција на јавните површини во Скопје.

-Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска ги мијат и дезинфицираат јавните површини во паркот „Ибни Пајко“. Во текот на вчерашниот ден, пак, рачно и со посебна опрема беа исчистени и дезинфицирани патеките, клупите, павилјоните, дрвените мостови, детските реквизити и справите за вежбање во трите дела на Градскиот парк, во парковите во Чаир и Ѓорче Петров, во парковите „Македонија“ и „Жена Борец“ и во Рајскиот парк во Аеродром. Повторно беше извршена дезинфекција на јавните површини и во СРЦ „Сарај“, во паркот на природата „Гази Баба“ и во парк-шумата „Водно“. Скопските пожарникари вчера извршија целосна дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар. Се чистеа и патеките и урбаната опрема. Во истовреме, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вршеа рачно миење и дезинфекција на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“. На градските улици и булевари, пак, се вршеше машинско миење и дезинфекција на коловозите, велт од Градот.

Слични содржини