„Фокс њуз“, американски телевизиски канал, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе објави тајни документи во голема акција против неговите противници.
Како што најави новинарот на „Фоск Њуз“, Лу Добс, ќе се открие како бил надгледуван Доналд Трамп, неговиот претседателски изборен штаб, за време на претходните избори, како и извештаите на Кристофер Стил, поранешен британски агент МИ6, од кого потекнува „Русијагејт“, односно тврдењата дека Русија наводно е вмешана во изборите на кои победи Трамп.
Добс ја објави информацијата за откривањето на документите од Обамагејт, повикувајќи се на Џон Соломон, главен уредник на „Just News“ и соработник на Фокс.
Obamagate Uncovered: @JSolomonReports says that sweeping declassification of Obamagate documents includes surveillance of President Trump, his campaign and Christopher Steele’s debriefing reports #MAGA #AmericaFirst #Dobbs pic.twitter.com/Ct7AghkNra
— Lou Dobbs (@LouDobbs) January 14, 2021
Според Соломон, ова се документи што ФБИ се обидел да ги скрие од јавноста во последните четири години.
Соломон тврди дека Кристофер Стил, во разговор со ФБИ, изјавил дека ги објавил своите извештаи дека Русија е вмешана во американските избори, со цел да ѝ помогне на Хилари Клинтон и да го сврти вниманието од аферата за објавување на нејзините електронски пошти.
– Аферата со вмешаност на Русија е измислена со цел да се заштити Хилари Клинтон од понатамошно објавување на нејзината афера – навел Соломон.
Нешто слично објави и Емон Џеверс, новинар на Си-Ен-Би-Си, кој тврди дека Трамп ќе објави тајни документи во врска со обвинението против Хантер Бајден дека ја искористил моќта на неговиот татко Џо, тогаш заменик претседател на САД, за да ѝ помогне на украинската компанија на чиј платен список бил.
Џеверс наведува и дека Трамп ќе помилува неколку осудени лица, ќе издава извршни наредби, но исто така постои и можност за објавување тајни документи поврзани со машините за гласање Доминион, за кои американскиот претседател тврди дека се едни од главните начини за манипулирање на изборите.