Се најавува нестабилно време: Да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја

од Nikola Popovski

Од УХМР известуваат дека попладне ќе продолжи да дува умерен до силен ветер претежно од југозападен правец, повремено и со брзина од над 70 км/час.

-Од крајот на денешниот ден, преку ноќта и утре претежно претпладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и на местата со поројни врнежи засилен ветер од променлив правец. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења и појава на град. Утре и во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени. Засилен претежно северен ветер ќе има и во текот на утрешниот ден, особено вдолж Повардарието, информираат од Центарот за управување со кризи.

Тие испраќаат апел, во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Слични содржини