Се најавува промена на методологијата околу водењето на починати од коронавирус во земјата

од Берта Китинска
262 прегледи

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ и инфектологот Фадил Цана во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 најавија промена на методологијата на починати од коронавирус.

„Беа дискутирани неколку модели кои што одат во насока на тоа да имаме по прецизна методологија за тоа како се води смртноста од ковид-19 меѓутоа не беа изведени заклучоци, согласно тоа не беа дадени препораки до министерот“, вели Мехмедовиќ.

Тој претпоставува дека на следните состаноци ќе биде претставена оваа нова методологија.

Досега во земјата се направени вкупно 1.834.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.

Слични содржини