Се најавуваат рестрикции за масовни собири: На удар ќе бидат младите и возрасните кои не се вакцинирани

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче денес од Битола најави дека би се вовеле рестриктивни мерки за невакцинираните лица онаму каде што има можност за масовни собири, јавни настани, влез на јавни места.

-Рестрикциите на вакви места би важеле и за децата кои не се вакцинирани. Нема да имаме друга можност освен да воведеме некаква форма на рестрикција. За мерките е разговарано и дополнително ќе разговараме со цел да го заштитиме целокупното друго население, информира Филипче при посетата на Клиничката болница во Битола.

Во однос на вакцинацијата на децата, тој потенцира дека немаат во план, како за нив, така и за возрасните да наметнат правила и таа да биде задолжителна.

– Апсолутно, ниту за училишта, ниту за средни, ниту за факултети итн. Меѓутоа, во овие места кај што има ризик за големи собири, тука размислуваме без разлика дали станува збор за адолесценти, постари луѓе. Така што, допрва ќе разговараме за мерките, додаде Филипче.

 

Слични содржини