Во текот на оваа недела забележан е намален број на починати лица од коронавирусот во земјава. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера се направени 4.962 тестирања, регистрирани се 344 нови случаи на Ковид-19, а починати се шест лица.
Заклучно со вчерашните податоци, во Северна Македонија има 6.967 активни случаи, од кои најголем број се во Скопје – 3.461, потоа во Куманово – 629, а на трето место е Тетово – 186.
од следната недела околу 8200 ученици од основните и средните училишта ќе бидат тестирани за присуство на Ковид-19 со земање брис. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и ќе биде со согласност на нивните родители.
Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека скринигот е планиран да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основните училишта се организира се со цел да се добие податок за евентуална тансмисија на вирусот во училиштата.
Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.
Податоците на Министерството за здравство, покажуваат дека опфатот со вакцинација со една доза на полнолетната популација е 47, а со две дози 44 проценти. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 проценти примила две дози вакцина.
Досега во Северна Македонија се направени вкупно 1.319.879 тестирања за Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.575, бројката на оздравени пациенти е 180.791, на починати е 6.817.