Се намалуваат трошоците за живот на граѓаните на Република Македонија, порачаа денеска СДСМ!
Владата предводена од СДСМ покрај враќањето на евтината дневна тарифа на струјата, со којашто на граѓаните им се овозможуваат заштеди и пониски сметки за струја, покрај укинувањето на радиодифузната такса, ги намалува и катастарските трошоци до 50%!
Дадените ветувања и зацртаните реформи во интерес на граѓаните се реализираат и го олеснуваат животот на граѓаните.
Парите се враќаат кај граѓаните! Еден од механизмите е и намалувањето на катастарските трошоци до 50% !
Дополнително, од први септември ќе стартува укинувањето на двојното плаќање во случај кога некој одбиен предмет по пријава на странка треба по втор пат да се поднесува. Станува збор за 100% олеснување на граѓаните, деловните луѓе и останатите корисници на катастарски услуги.
До сега, во случај кога некој предмет по пријава на странка беше одбиен, заради постоење на било каква грешка, независно од било која страна, граѓаните беа принудени при повторното поднесување на предметот по втор пат да ги плаќаат веќе платените такси.
Намалување на катастарските трошоци ќе има и за другите услуги како што се вадење на историјат, потврда за имотна состојба, промени и запишувања во катастарот на недвижности.
Истовремено заради децентрализација на услугите и овозможување на полесен пристап и поголема достапност за граѓаните, дел од овластувањата ќе се вратат на геодетските фирми. Очекувањата се дека ќе се зголеми конкуренцијата, а со тоа и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните.
Се намалуваат трошоците за живот, повеќе пари остануваат во семејните буџети, владата предводена од СДСМ покажува како вистински се води грижа за потребите на граѓаните соопштија денеска од СДСМ!