Според последните податоци, во резултат на експлозиите, кои раскинаа десетици демонстранти на антивоеноиот то митинг во Анкара, загинатите веќе се 86, пренесуваат светските агенции. Според министерот за здравство на Турција Мехмет Мјуезиноглу, 62 загинале на самото место, 24 поинале во болниците.Министерот соопшти дека досега се знае за 186 повредени, 28 од кои се во многу тешки и во критична состојба.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган го осуди нападот во Анкара, пренесе AFP. “Јас строго го осудувам тој одвратен напад врз нашата земја. Целта на нападот во Анкара е да доведе до судир различните делови на нашето општество. Најдобар одговор на тероризмот е да покажеме солидарност. Нашата држава, сите нејзини институции работат за разјаснувањето на она што се случило. Уверен сум дека виновниците ќе бидат наскоро фатени и изведени пред суд “, изјави Ердоган.
https://youtu.be/EM7nuoljPP8
Курдистанска работничка партија (ПКК) од своја страна ги повика борците да престанат со вооружената активност, освен во случај на заштита против владините сили до крајот на претстојните во Турција избори, пишува турскиот Hurriyet. Претставници на ПКК објавија на интернет изјава дека одлуката за тоа е донесена како одговор на повиците кон и од членовите на организацијата “привремено да го тргнат оружје”, за да се ограничи акти кои ќе спречат “едни чисти и фер” избори на 1 ноември.
Соопштението уследи само неколку часа откако двојните експлозии во Анкара , во кои загинаа десетици луѓе, се насобраа на митинг барајќи мир меѓу Владата на Турција и ПКК.