205
На 20.03.2023 во 18.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(26) од Скопје.
Тој се обидел со фалсификувана лична карта да подигне брз кредит од финансиско друштво во трговски центар на бул„Јане Сандански“, но вработениот се посомневал во исправноста на личната карта и повикал полиција.
Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.