Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес го започна караванот на „Најдоброто за мојата општина“ Белчишта во Општина Дебрца.
„Градиме за нашиот народ – асфалт наместо кал. Затоа се обврзуваме да донесеме водовод и канализација онаму каде што нема, а онаму каде што има редовно да го одржуваме и унапредуваме. Ќе продолжат и инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта.
Токму затоа влогот во инфраструктурата е влог во развојот. Комуналната инфраструктура останува во нашиот фокус, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија. На тој начин ќе го поттикнеме развојот на секоја општина, без разлика дали е таа мала или голема, урбана или рурална. Секоја општина ни е важна“, посочи тој во изјавата.