Се очекува олеснување на дел од мерките, продолжува караванот за вакцинација

од Берта Китинска
197 прегледи

Во текот на наредните денови се очекува Централниот координативен штаб да ги разгледа предлозите од Комисијата за заразни болести, а потоа истите да бидат усвоени на следната владина седница.
Комисијата минатата недела препорача за децата во основното образование да не биде задолжително носењето на маски, како и да не биде потребен сертификат за вакцинација или за прележан КОВИД-19 за посета на отворените делови и терасите на угостителските објекти.

Меѓувреме продолжуваат активностите околу караванот за промоција на вакцината против коронавирусот.

Караванот се спроведува со цел да ја промовира вакцината против вирусот како начин на сигурна имунизација на сите граѓани, особено на оние места низ земјава, каде е ниско нивото на заинтересираност.

Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.

Слични содржини