Се очекува во наредните денови папата да биде отпуштен од болница

од Stefanija Kuzmanovska

Се очекува во следните неколку дена папата Франциск да биде отпуштен од болница, а неговото закрепнување напредува нормално и без компликации, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.

„Светиот отец добро се одмора во текот на ноќта. Лекарскиот тим наведува дека закрепнувањето тече редовно, без компликации и затоа планираат да го отпуштат во следните неколку дена“, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, пренесе „Ројтерс“.

Бруни додаде дека папата работел од неговата болничка соба, како и дека поминувал време во мала капела на 10-тиот кат резервирана за папата.

Ватикан претходно ја откажа целата негова јавна и приватна ауденција до 18 јуни.

Поглаварот на Римокатоличката црква минатата недела беше подложен на тричасовна операција на абдоминална хернија.

Слични содржини