Се одложува расправата за Законот за употреба на јазиците поради поништување на изборот на судијката Дуковска

од Љубиша Владимиров
30 прегледи

Уставниот суд ја одложи закажаната подготвителна седница за 19 јуни, поврзана со предметот за уставноста на Законот за употреба на јазиците. Причината е поништувањето на одлуката на Собранието за изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка.

Дуковска е известител за предметот, а од Уставниот суд велат дека седницата ќе се одржи кога Судот ќе биде во полн состав. Судот дополнува дека нема по службена должност да преиспитува претходни одлуки во кои учествувала Дуковска, бидејќи, според Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.

Во соопштението се наведува дека случајот со Дуковска претставува правен преседан со кој Судот досега не се соочил. Управниот суд, со пресуда од 15 мај, ја поништи собраниската одлука од април 2023 година, уважувајќи ја тужбата на членката на Судскиот совет, Антоанета Димовска.

Уставниот суд ја примил пресудата, но не ја коментира.

Слични содржини