183
Сирените за воздушен напад денеска се огласија низ цела Украина, пренесува „Ројтерс“.
Според извештаите на социјалните мрежи, постои можност да е прогласена тревога низ целата земја поради можно полетување на руски воени авиони стационирани во Белорусија.
Претходно денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили истрелале 33 ракети врз цивилни цели во украинскиот град Херсон во последните 24 часа.