Се огласи Бајден по веста дека кралот Чарлс има рак

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „загрижен“ за кралот Чарлс Трети откако Бакингемската палата откри дека му бил дијагностициран рак.

Во своите први коментари за здравјето на 75-годишниот британски монарх, Бајден за „Дејли мејл“ навел дека „ако е Божја волја“, се надева дека наскоро ќе разговара со него.

Палатата преку соопштение вечерва објави дека кралот Чарлс има рак и дека веднаш почнал да се лекува.

Тоа не е поврзано со неговата неодамнешна операција и не е рак на простата, но лекарите го забележале кога бил подложен на медицинска процедура поради проблеми за простата.

Слични содржини