Се огласи девојката од белградска „Арена“ чија гола фотографија се шири по мрежите

од Stefanija Kuzmanovska
628 прегледи

Скандалозната фотографија на полуголата пациентка заболена со коронавирус, која беше споделена на социјалните мрежи претходните денови, ја шокираше јавноста, а надлежните велат дека ќе сторат се за да го откријат и санкционираат лицето кое ја направило и ја споделило фотографијата без овластување.

Како што објави „Курир.рс“, без нејзнино знаење Анастасија М. била фотографирана во долна облека во моментот кога се пресоблекувала во просторија во привремената ковид болница во Белградската арена.

„Тие ме фотографирале по приемот во Арената, каде што ми беше кажано да се соблечам за да ми направат ЕКГ. Требаше ли да погледнам наоколу за да видам дали има камера или фотоапарат, а притоа имам висока температура, секоја коска во телото ме боли и имам воспаление на обете белодробни крила“, објаснува Анастасија М. за „Курир.рс“, која сакала да биде објавена нејзина фотографија, но не и целосното презиме. Таа посочува дека со овој срамен чин се загрозени нејзините човекови права и животот.

„Некој ќе мора да одговара за ова. Очекувам одговорните да утврдат дали тоа е направено со мобилен телефон или некој го извадил од безбедносните камери и како стигнало до јавноста. Не знам чиј пропуст е ова, дали на луѓето од организацијата на Арена или несовесните пациенти со корона, но секако дека некој мора да сноси одговорност за тоа што ми беше сторено. Виновникот мора да се открие за утре да не се најде друга девојка, пациент, како цел на ваквите болни умови“, рече Анастасија, чии родители се исто така заразени со ковид.

„Јас се грижам за татко ми, кој се бори за живот во Земунската болница, се грижам и за мајка ми, која исто така е заразена, а сега треба да гледам како мои фотографии кружат на социјалните мрежи. Срамота е што прават поединци“, заклучи таа.