Се огласи и Кремљ: Заканите од Трамп се сериозни

од desk2
40 прегледи

Искажаното од претседателот на САД, Доналд Трамп, по вчерашната средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и во интервјуто на Би-Би-Си, за официјален Кремљ се сериозни и треба да се анализираат.

Како што изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, и изјавите и заканите со санкции на Трамп се сериозни и треба да се анализираат. Сепак, нагласи тој, рускиот претседател Путин ќе даде изјава за предлозите ако оцени дека тоа е неопходно.

По средбата со Руте, вчера Трамп се закани дека ќе воведе 100 проценти царини за Русија доколку не се согласи на прекин на огнот што би ја завршил војната во Украина во рок од 50 дена.

На заканите на Трамп реагираше и поранешниот руски претседател и премиер, Дмитриј Медведев, нарекувајќи го Трамп „театрален“.

Поранешниот руски претседател Медведев за заканите од Трамп: Театрален е!

Претседателот на САД, пак, во интервју за Би-Би-Си изјави дека е разочаран од Путин, но не се откажува од разговори со него, иако четири пати досега Путин нешто кажувал, а потоа го правел спротивното.

Трамп за Би-Би-си: Разочаран сум од Путин, ама уште не сум се откажал од него

Слични содржини