Се огласи кабинетот на Груби: Веб страницата на Министерството за политички систем се комплетира

Откако утринава оддекна веста за интернет страницата на првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби која е засега само на албански јазик, се огласија од владиниот кабинет на вицепремиерот.

Имено, тие посочија дека во изминатиов двонеделен период, страницата била нефункционална.

„Беше нефункционална, поради недоразбирање со сега веќе претходната компанија која што ја одржуваше интернет страницата https://mpsoz.gov.mk/. Веб страницата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците моментално се обработува и не е целосно комплетирана. Секако дека истата ќе биде на македонски јазик и на албански јазик“, соопшти кабинетот на Груби.

Инаку утринава, за ова реагираше Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ која побара и санкции.

Слични содржини