Се огласи ќерката на Суровикин: Откри што се случило со нејзиниот татко

од Stefanija Kuzmanovska

„Ништо не се случи“, изјави денеска ќерката на рускиот генерал Сергеј Суровикин по наводите за негово апсење. Суровикин не е виден во јавноста од саботата. „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на три извори, објави дека исчезнатиот генерал е уапсен.

Во разговор со „База“, ќерката на Суровикин, Вероника, кажала: „Ништо не му се случи и никој не го уапси“.

Таа додала дека „сите се на своето работно место“.

Сопругата одбила да ги коментира гласините

Таа исто така рече дека нејзиниот татко „не бил секој ден присутен во медиумите и не давал изјави“.

Сопругата на Суровикин одбила да ги коментира гласините за негово апсење.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни американски разузнавачки извори, објави дека Суровикин однапред знаел за бунтот предводен од шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, со кого имал добро познати врски. Суровикин ги предводи руските воздушни сили и беше поранешен врховен командант на Москва во Украина.

Слични содржини