Се огласи Коцевски пред денешната владина седница за негово разрешување

од Nikola Popovski
66 прегледи

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека штом Владата го достави предлогот за негово разрешување до Советот за јавни обвинители, треба да биде доставен и до него, за да може самиот тој да се произнесе. Вели дека во моментов не може да покаже повеќе.

-Откако ќе го добијам предлогот од Владата да ги видиме основите кои се предвидени во Законот за Јавно Обвинителство, па после ќе се произнесам околу тоа. Во одноос на политичките одлуки, засега не би коментирал, рече денеска Коцевски во изјава за медиумите.

Обвинителот тврди дека во ниту еден предмет немал судир на интереси. Смета дека треба да се види по кои предмети „постапувал незаконито, за да може да се произнесе“.

-Јас не одам на судење и не постапувам по предмети. Ја вршам само менаџерската работа и околу одредени работи предвидени согласно Законот за ЈО. Доколку исполнети услови согласно законот, ќе си ја преземам обврската и доколку се утврди дека се работи за тешка дисциплинска повреда, ќе се повлечам. Во секој случај, доколку јас ценам откако јас ќе го добијам предлогот, но, она што досега го слушнав во јавноста, само ќе кажам дека досега нема никаква тешка дисциплинска повреда во однос на моето работење. Јас строго сум работел и се уште ќе работам согласно законот. Доколку не се исполнети согласно законот, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на незаконски или незаконски начин, кажа Коцевски.

Тврди дека ЈО во изминатите 30 години е најтранспарентно од неговото доаѓање на функцијата.

Владината седница на која ќе се расправа за предлогот за разрешување на републичкиот обвинител е закажана за 12 часот.

Слични содржини